Штедилница “ИНКО” д.о.о. Скопје основана е на 03.07.1991 година и регистрирана е во Народна банка на Република Македонија како прва македонска штедилница. Штедилницата е основана и запишана во судскиот регистар врз основа на тогашниот Југословенски Закон за банките и другите финансиски организации.
Основач на Штедилницата и доминантен сопственик е М-р. Крсте Сарџовски.
Во својот работен век бил на повеќе раководни и општествено-политички функции. Покрај другите бил и претседател на Извршен Совет на општина Карпош, како и потпретседател на Стопанска Банка – Здружена Банка Скопје.
Тој е и првиот директор на штедилницата, а сега е претседател на нејзиниот управен одбор.
Штедилница “ИНКО” има 8 вработени од кои 3 се со ВСС, 1 со ВШ, 3 со ССС и 1 со НК.
Во своето долгогодишно успешно работење штедилницата ги издржа сите предизвици на времето што го карактеризираа работењето на стопанството во Република Македонија, а особено времето што го карактеризира работењето на штедилниците во нашата земја. Долгогодишното искуство претставува патоказ и поттик за нови успеси.
Од своето основање, Штедилницата, своето работење го постави на принципите на законитост во работењето, сигурност во работењето, професионалност и рентабилност.
Довербата која Штедилницата ја има кај граѓаните обврзува на постојано зголемување на квалитетот и обемот на услугите. Штедните депозити последните неколку години се одржуваат на максимално дозволено ниво што зборува за сигурноста што ја нуди Штедилница “ИНКО”.
Штедилницата “ИНКО” за цело време го одржува високиот рејтинг и имиџот на најсигурна штедилница во земјата. Доказ за тоа претставува добиената Награда на Стопанската Комора на Македонија за 2000 година “за постигнати особени резултати во зголемувањето на производството, продуктивноста и економичноста во работењето”.
Основачкиот капитал на Штедилницата постојано се зголемува. Тој го надмина нивото повеќе од двојно од вредноста што е пропишана со закон.
Согласно Законот за банките секоја година се врши финансиска ревизија на Билансот на состојба и Билансот на успех од страна на овластена ревизорска куќа, од која секоја година се добива позитивно мислење дека, финансиските извештаи реално и објективно ја прикажуваат финансиската состојба на штедилницата и резултатите на нејзиното работење и нејзините парични текови, во согласност со Меѓународните сметководствени стандарди. |